Чифлиганец, кој многупати подвлекол дека филантропијата не се учи, туку прави, со срце и душа, за 16 години, преку Адора инженеринг и Фондацијата што го носи неговото име, за заедницата издвоил повеќе од 3,5 милиони евра.
Од 1998 година Бовин го следи сопствениот пат на производство на високо квалитетни вина, од кои се бара шише повеќе, вина направени само во тие години на берба и во многу ограничени серии од неколку илјади шишиња.
Во делот аутпут, во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.1, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 104.6.
Како локација за новата Balans+ Зона е одбрано спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани.
На аукцијата се продаде базна енергијаво износ од 88.360 мегават часови по цена од 63,25 евра и 11.040 мегават часови врвна енергија по цена од 73,10 евра за маегават час.
Со овие 8 милиони евра општините ќе можат да финансираат проекти како изградба и реконструкција на систем за водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, локална патна инфраструктура, енергетска ефикасност, изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриски зони и слични проекти.
Целта на оваа работилница беше да им се помогне на е-трговците, да се влијае на цената на производот и да се зголеми конкуретноста на странските пазари. 
Фокусот беше ставен на приоритетите и целите за раст и развој на македонскиот пазар за хартии од вредност, на кои заеднички во наредниот период ќе треба сите повикани субјекти да  преземаат активности и да работат на нивната имплементација.
Донацијата стартуваше од ОУ Кочо Рацин, а ќе продолжи во преостанатите 75 основни училишта со што ќе бидат опфатени речиси7.000 првачиња во вкупно 10 општини.
Агенцијата ќе зема мостри од храната, а во лабораторија на ФЕИТ ќе се вршат испитувањата на храната што се увезува во Македонија.
Акцијата за бесплатен приклучок трае до 15-ти септември 2018 година. Од 16-тидо 30-ти септември корисниците ќе плаќаат 50% од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1-ви октомври приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.
Во рамки на оваа акција, којашто се спроведе во соработка со трговските ланци Веро и Тинекс, на потрошувачите им беа поделени платнени торби како една од еколошки прифатливите замени за неразградливите пластични кеси.
НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб.
На седницата беше заклучено дека и натаму постојат ризици и од домашното и од надворешното окружување, при што НБРМ и натаму внимателно ќе ги следи сите економски показатели во контекст на поставеноста на монетарната политика.
Во наредните денови 13.09.2018 и 14.09.2018 можни се краткотрајни прекини.
Цената на промотивните EarlyBird билети е 4.244 денари и важи до 25 септември или до трошење на предвидената количина, по што ќе бидат објавени билети по регуларна цена.
Од вкупно 276 објекти, на 161 (58,3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115 (41,7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Дефинирајќи ги податоците како “новото гориво на иднината“, претприемачи, претставници на бизнис секторот и експерти од Македонија, САД и други земји на Балканот, ја разработија проблематиката поврзана со правилно управување на податоците за подобрување на работата и резултатите во бизнис секторот.
Целта на донацијата е преку модернизација на капацитетите да се подобрат условите за образовниот процес во училиштето, како и целосниот квалитет на наставата и работата на персоналот.
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) го издаде шестиот број на е-билтенот Потрошувачите и храната. 
Проектот е покренат од Американската стопанска комора во Македонија – AmCham, а Цементарница УСЈЕ е една од компаниите кои го поддржаа истиот.
Преку оваа емотивна кампања, Халкбанк всушност оддава признание дека секој еден е еднакво важен, истовремено детерминирајќи ја својата позиција во насока со значењето на името на банката‒ Банка на луѓето.
Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и деканот на ФИНКИ, проф. Д-р Иван Чорбев.
На листата објавени се 2.178 должници - правни лица и 2.082 физички лица.