Новости

Пензионерите ќе извршуваат лесни работи како бришење на маси, носење прибор, но и разговор со гостите за да создадат семејна атмосфера.
На 30-ти и 31-ви декември организирани се неколку игри и бројни изненадувања за најмалите, но и големите посетители на молот. Ќе има натпревар за украсување на елка, а последните два дена од годината посетителите ќе играат Среќно Тркало.
Една од главните активности на Проектот се настаните за вмрежување, на кои учесниците директно се запознаваат едни со други, имаат можност да ги претстават своите производи/услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) ги известува студентите и возрасната група граѓани (над 62 години за жени, односно 64 години за мажи) дека задолжително треба да ја продолжат важноста на билетите за 2017 година до 31.12.2016 година.
LG ProBeam е опремен со ласер којшто создава светлина до 2.000 лумени, што го прави погоден за употреба и на дневна светлина. Овој проектор е лесно пренослив бидејќи тежи само 2,1 килограми.
Со помош на швајцарската програма ИМЕ ќе се примени една од најнапредните методологии за развој на туризмот, ќе се мапираат стратешките текови на посетители во дестинацијата, ќе се направи проценка на недостатоците во понудата и ќе се работи на прилагодување на туристичкиот производ за потребите на туристите.
Ellie е мобилен уред што за кратко време стерилизира: бебешки шишиња, цуцли, четки за заби, шминка, клучеви и други предмети што се за секојдневна употреба, а кои во исто време се извор на безброј бактерии.
Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора инженеринг ќе им изградат нов дом на семејството Трајкови во радовишкото село Дедино, чија куќа изгоре до темел во неодамнешниот пожар.
Société Générale Сплитска банка е петти најголем играч на хрватскиот банкарски пазар, а како резултат на оваа аквизиција, пазарниот удел на OTP група ќе порасне за околу 10%.
На македонскиот поштенски пазар најмногу рекламации лани се поднесени за изгубени поштенски пратки, а поголемиот дел од позитивно решените се за препорачани пратки.
Училиштата за деца со пречки во развој Иднина и Д-р Златан Сремец добија интерактивни табли како новогодишна донација од ОКТА.
Во очекување на Вашите идни проекти и заедничка соработка, тимот на Солопром Ви посакува мир, радост, среќа и многу здравје во Новата година.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти во октомври изнесува: 640.641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344.347 тони јаглен и 103.179 тони нафтени продукти.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 66,50 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 68,50 денари. Дизел горивото ќе се продава по нова цена од 53,50 денари за литар.
“Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да го плаќање еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги“, стои во соопштението на УЈП.
Фармацевтската компанија Плива на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје додели донација вредна над 500.000 денари, во рамките на процесот за модернизација, зголемување на функционалноста на Клиниката и подобрување на условите за третман на пациентите.
Неговите маски, како што вели тој, се уметничко дело со кое го изразува својот протест против загадувањето на животната средина, а не средство за заработувачка.
Она што ќе се испечати, без никаков проблем може да остане еден до два дена, по што исчезнува.
Наградите за најдобрите креации, што беа обезбедени од Филип Морис вклучуваат книги, енциклопедии, комплети за цртање, како и други училишни помагала и опрема.
“Yıldız Holding ќе биде индиректен сопственик на акциите на Ülker Bisküvi, преку компанијата Pladis“, велат од компанијата.
Секое домино е направено од високо квалитетно 18 – каратно злато, коешто е декорирано со дијаманти. Доминото е спакувано во специјално дизајнирана мермерна кутија.
Над 400.000 жители на Белгија, кои возат велосипед додека одат и се враќаат од работа, добија вкупен надоместок од 93 милиони евра.
“Загубата од работењето во 2015 одина ќе се покрива од работењето на ФЗЦ 11 Октомври Куманово во наредниот период“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
Податоците на Народната банка Романија покажуваат дека 45% од компаниите во земјата имаат капитал што е под законскиот минимум. Со тоа, овие компании не се економски оправдани и претставуваат ризик за економијата и државата ќе треба да ги избрише од евиденција.