WhatsApp минатата година имала повеќе од 400 милиони корисници во целиот свет, а нуди и нeограничeна и бесплатна резмена на пораки меѓу корисниците и е една од најпреземените мобилни апликации.
Министерството за финансии им исплатило 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури.
Германија е трговски партнер број еден на Македонија веќе подолг период. Минатата година беше трет најголем инвеститор во Македонија и би сакале да направиме нешто Германија да дојде на првата позиција
Непал наплаќаше такса за искачување од 25.000 долари по човек или 70.000 долари за заедничка дозвола за група од седум алпинисти. Министерството за туризам соопшти дека од 2015 година, индивидуалната такса ќе изнесува 11.000 долари.
Целта е да се доближи принципот на долгорочно планирање и посилна вертикална интеграција на вредносниот синџир за преработка на зеленчук, како и стабилизирање и сигурно снабдување на суровина за преработувачите.
Во центарот на Скопје, пред продажното место МПМ ПРЕС, е поставен нов пункт каде граѓаните можат да ги оставаат ковертите наменети за наградната игра Фискална во рака - награди без мака, и да вршат уплата за игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.
Владата на Црна Гора побара од националниот авиопревозник Монтенегроерлајнс подобро да се поврзе со авиолинии со земјите од регионот и да разгледа воведување на линии кон Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Основите на контролните системи за безбедност на храната кои треба да се имплементираат во поголемите угостителски објекти кои произведуваат и послужуваат храна и во помалите, каде што ХАЦЦП системот пофлексибилно се имплементира
Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија ЕВН Групацијата ја презентира новата компанија за снабдување ЕВН Снабдување, која веќе поседува лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика.
Европската инвестициска банка (ЕИБ) од вчера ги замрзна активностите во Украина откако 26 луѓе загинаа во немирите во Киев.
Цената за разговор на национално и на локално ниво во фиксната телефонија преку Македонски телеком од 1 март се изедначува и ќе изнесува еден денар.
Siemens Venture Capital ќе инвестира во млади, иновативни фирми кои развиваат технологија на подрачје на автоматизација на производството и други технологии кои можат да го "трансформираат" стандардното производство.
Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме се петте дестинации каде што во минатата година најмногу патувале македонските граѓани од скопскиот аеродром Александар Велики.
Претставници на Хидробиолошкиот завод во Охрид и на министерството за животна средина на Македонија, Албанија и на Црна Гора во Тирана разговараат за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен.
Двете страни високо ги ценат можностите кои ги дава ЕК за зајакнување на партнерството преку програмите за територијална соработка, насочени кон посилен и одржлив економски и социјален развој на регионите, на тој начин стимулирајќи го нивниот потенцијал
Болницата во Струмица, Одделението за нервни болести во Штип и Центарот за деца со посебни потреби од Штип, денеска ќе добијат донација од кабелскиот оператор Телебел.
Обама ќе ја предложи новата мерка во рамките на расправата за нацрт буџетот за 2015 година.
Министерството за финансии исплати 77,6 милиони денари субвенции на 5.501 земјоделец за одгледување градинарски култури.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Македонската берза АД Скопје и Институтот на овластени ревизори денеска во Скопје организираат тркалезна маса на тема Зошто нема јавни понуди на хартии од вредност во Република Македонија?
По повеќемесечни преговори, во март 2013 година платите во јавниот сектор се намалени за 3%, што е најмало намалување во земјите што најсилно ги зафати кризата, пишува Јутарњи лист.
Министерството за финансии исплати 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци на 1.054 земјоделци.
Комисијата за хартии од вредност на Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.
Австрија во моментов е втор најголем инвеститор во Македонија. Ние сме овде за да помогнеме таа да стане првa. Овде сме да им дадеме информации на компаниите кои сакаат да ги искористат можностите што ги нуди Македонија
Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Германскиот институт за метрологија (ПТБ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа.