Новости

Дури една петина од испитаниците знаат колкави се платите на сите колеги од компанијата, додека 40% знаат само за платите на колегите со кои се блиски. Исто толку испитаници, 40% наведуваат дека немаат никаква информација за платата на своите колеги.
Од 1 јануари 2014 година Владата го враќа логото Да купуваме македонски производи, За наше добро Made in Macedonia и сонцето на фискалните сметки, а ќе биде прикажан и вкупниот промет од македонските производи
Македонски Телеком е на лидерското место со 72% пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и во делот на широкопојасниот интернет со удел од 54%, согласно со интерните податоци. Бројот на интернет корисниците е зголемен за 9%.
Под мотото Биди ментор, промени нечиј живот, во Скопје на 6 јуни ќе се одржи првата конференција за женско лидерство и развој преку менторирање во организација на Македонската мрежа на ментори и Американската Амбасада.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира винарските визби да ги подмират своите обврски кон лозарите за откупеното грозје во претходните години и да ги достават извештаите за исплатата.
Во следните пет дена започнувајќи од вечерва, во организација на Веро центарот ќе се одржи фестивалот на виното. Посетителите, освен што ќе можат ги дегустираат домашните вина, ќе уживаат и во храната и музиката.
Министерот за економија Ваљон Сарачини се сретна со кинеска делегација предводена од генералниот менаџер на China construction first group corporation, Ши Кинг.
Европската авиокомпанија Ербас во првите четири месеци од оваа година имаше 493 нарачки, двојно повеќе од својот американски конкурент Боинг.
ПроКредит Банка соопшти дека ја завршила 2012 година со позитивни финансиски резултати и раст на кредитното портфолио, зајакнувајќи ја поддршката кон бизнис секторот и бележejќи континуиран раст во портфолиото кон овој сегмент и во време на забавена економска активност.
Познатата сендвичара Седмица зад грчката Канцеларија за врски доби привремена пломба и забрана за вршење дејност во следните 30 дена од страна на Управата за јавни приходи.
Јавениот оглас се однесува до невработени лица за вработување со субвенционирање, субвенционирање на вработување на деца без родители и родителска грижа, како и јавни огласи за кредитирање на невработени лица и кредитирање на правни субјекти - микро и мали претпријатија.
Од утре, 8 мај, во сите Телеком продавници низ Македонија ќе може да се најде најновото иновативно комуникациско решение на пазарот – последниот модел на паметниот телефон Samsung GALAXY S4.
Благодарение на подобреното економско опкружување и примената на мерките за сузбивање на измами, нивото на сива економија би можело годинава да биде најниско во последните 10 години, односно да падне на 18,5% вкупен БДП на ЕУ, Норвешка, Швајцарија, Турција и Хрватска.
Со цел да собере уште повеќе приходи, Facebook се реши на уште една новина - на почетната страна на најпопуларната социјална мрежа автоматски ќе се појавуваат рекламни видеа.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и одобри на Босна и Херцеговина 51 милиони долари помош, откако се увери дека земјата ги држи своите финансии под контрола.
Неколку заинтересирани компании веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите кои ги презентираа Македонските претставници.
Македонска Берза АД Скопје, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 9 мај во хотелот Александар Палас во Скопје ќе организираат заедничка Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013.
Google веќе со месеци подготвува систем за наплата за YouTube, а тест периодот за наплата на содржините би требало да опфати 50 канали, за кои месечно ќе се плаќа 1,99 долари. Се уште нема никакви информации кои канали ќе се наплаќаат.
Министерот за економија Ваљон Сарачини викендов во Струга оствари работна средба со градоначалникот Зијадин Села на која беше претставена владината програма за поддршка на општините.
Годинава во првиот квартал скоро тројно е зголемено производството во автомобилската индустрија, а висок раст е остварен во производството на нафтени деривати, хемиската, фармацевтската и тутунската индустрија.
Aвио компанијаta Wizz air воспостави директен лет од аеродромот Александар Велики во Скопје до аеродромот Скавства во Стокхолм. Директната линија е предвидено да сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок.
Засега услугата е достапна само за корисниците на Британија, набрзо ќе биде достапна и во САД и Германија, а глобалното лансирање се очекува до крајот на ова лето.
Со новите предлог-измени и дополнувања, се предвидува за тераси на објекти со намена домување во станбени згради и за тераси на згради, кои се пренаменети во станбен простор, да се пресметува надоместок во висина од 61 денар по метар квадратен.
Годинава цените на мало во април споредено со претходниот месец бележат пораст од 0,9 %, а трошоците на живот за 1,3%