
Министерот за економија Ваљон Сарачини викендов во Струга оствари работна средба со градоначалникот Зијадин Села на која беше претставена владината програма за поддршка на општините. Во рамки на средбата Сарачини и Села договорија и реализирање на повеќе проекти за унапредување на туристичката понуда во Струга.
Струшкиот градоначалникот изрази благодарност за посетата и понудената поддршка од министерот и изјави дека ќе оствари тесна соработка за подобрување на животниот стандард на граѓаните, и подобрување на условите за пречек на туристите.
Сарачини и Села се сретнаа и со туристичките работници со цел да ги запознаат со мерките кои можат да им бидат во корист за зголемување на бројот на туристи во Струга. Министерот ги запозна со владината мерка за субвенционирање на тур-операторите, со која зависно од каде носат туристи добиваат субвенции во вредност од 20 до 65 евра за секој турист кој ќе го донесат од странство.
Министерот Сарачини и струшкиот градоначалник Села одлучија кон крајот на месецот да се оствари една работна средба каде ќе присуствуваат претставници од локалната самоуправа и министерството за економија.