Економија

Американската централна банка, пак, во исто време соопшти дека може да ја помогне економијата со 2,3 илјади милијарди долари преку нови и проширени програми.
Низ целата планета има голем притисок од сегашниот вирус, така што едната алка во синџирот ја влече другата.
Според податоците на Царинската управа за надворешно-трговската размена, вкупната вредност на извозот во периодот јануари-март 2020 година изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарди евра, што е поголемо за околу 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезени стоки изнесува 702.650 тони.
Пакетот за поддршка на ЕИБ за земјите од Западен Балкан ќе биде достапен по забрзана процедура и прилагодена на специфичните потреби на различни сектори на економијата.
Невработеноста е највисока во секторот туризам и сообраќај, каде 26,9 % од работната сила е регистрирана како целосно невработена
На денешната вонредна седница министрите во Владата ја разгледаа и усвоија информацијата за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19.Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија АД да...
Укажувањето дека угостителите нема да ги користат овие мерки се неточни бидејќи според податоците од Развојната банка на Северна Македонија има голем интерес и апликации на компании токму од овој сектор.
Десетте земји со најголем капацитет за брзо закрепнување се Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.
Благодарение на новите овластувања, владата ќе може да ги блокира обидите на актерите од ЕУ или оние кои не се членки на ЕУ да купат удели во стратешки важни компании.
Компаниите овде не ги зголемуваат платите лесно за своите вработени, туку повеќе акумулираат финансиски акции во време кога нема криза, наменети за кога ќе дојде кризатаКомпаниите овде не ги зголемуваат платите лесно за своите вработени, туку повеќе акумулираат финансиски акции во време кога нема криза, наменети за кога ќе дојде кризата
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на паричен надоместок до 12 месеци.
После интензивната нестабилност на берзата во текот на март, како и напорите за спречување на ширењето на коронавирусот и намалувањето на притисокот што пандемијата го предизвикува во економиите ширум светот, инвеститорите беа израдувани од бројките кои покажуваат дека успорува стапката на нови потврдени инфекции и смртни случаи во некои делови на Европа.
Повеќе од половина биле релативно нови компании кои постоеле три години или помалку.
Хрватскиот министер за труд Јосип Аладровиќ не ја исклучи можноста државата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на новиот коронавирус.
Тие склучија нов Меморандум за меѓуинституционална соработка заради одржување на финансиската стабилност, изготвуван во текот на изминатите неколку месеци, во согласност со препораките на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.
Известувањето за новите услови граѓаните ќе добијат преку веб-страната на финансиското или лизинг друштво, смс, е-маил или друга електронска комуникација – ако во рок од 10 дена не се изјаснат дека ја одбиваат понудата, истата се смета дека е прифатена.
Најпознатото мексиканско пиво Corona кое се извезува во 180 земји во светот привремено ќе престане со производството.
Доколку е потребно, Франција ќе ги национализира стратешките компании за да ги заштити од последиците од корона кризата.
На состанокот со претставниците од мелничката индустрија е разговарано и за донесување на други мерки кои што во иднина треба да ги преземе Владата со цел да се олесни увозот на пченица.
Сите би сакале амбиентот да е поинаков за да се занимаваме со структурни прашања и реформи, да работиме на унапредување на доходот на населението... Но за жал, корона-кризата наметнува низа предизвици.
Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори на Светска банка, неколку земји добиваат поддршка од главниот глобален кредитор преку други средства за финансирање, вклучително и предвремено повлекување или реструктуирање на постојни проекти и кредити.
Оваа азиска земја се движи кон својата прва рецесија во последните 20 години
Како што паѓа бројот на заразни случаи, така и кинеската економија покажува знаци на закрепнување и ова привлекува зголемено внимание од странските инвестициски фондови.
British Airways на 31 март соопшти дека привремено ги запира сите свои летови од лондонскиот аеродром Gatwick поради пандемијата од коронавирусот.