КГЛП: Унифициран прирачник за обука на енергетски контролори

28

Енергетската ефикасност е комплексна и мултидисциплинарна материја и за нејзино успешно спроведување во пракса неопходен е соодветен третман во законската и поздзаконска регуалтива.

Ова беше констатирано на седница на Управниот одбор на Групацијата за климатизација, греење, ладење и проветрувањe (КГЛП) при Mакедонската енергетска асоцијација, во Стопанската комора на Македонија.

“Изминатите неколку месеци од донесувањето на двата значајни подзаконски акти – Правилникот за енергетска контрола и Правилникот за енергетски карактеристики на згради отворија неколку прашања, на кои Групацијата и претходно укажуваше, а кои се од суштествено значење за постигнување оптимални решенија на планот на енергетската ефикасност во државата”, истакна претседателот на Групацијата, Илија Тикваровски.

Членките на Групацијата и присутните претставници на експертската јавност и науката ја потенцираа потребата од запазување на роковите за донесување на програмата за обука на контролори за енергетска контрола на згради од страна на Агенцијата на енергетика на РМ.

При тоа, беше укажано дека обуката за енергетски контролори треба да биде пропратена со еден унифициран прирачник – учебник за енергетска контрола кој што ќе соодветствува на програмата за обука, а од  Министерството за економија беше побарано да се обезбеди софтвер за енергетска контрола кој ќе ја прати обуката.

На седницата се констатираше и дека за успешна примена на Правилникот за енергетска контрола потребно е да се направи прецизно дефинирање на стручните лица со конкретен предлог за вклучување на три различни професионални квалификации и тоа од областа на машинството, граджништвото, односно архитектурата и електротехниката.

Беа изнесени предлози, базирани на исуства од други земји, за поефикасен начин на спроведување на енергетската ефикасност, преку дефинирање на специфична потрошувачка на енергија според типизација на објекти.