Kia и Мате Римац развиваат електричен crossover автомобил

42

Јужнокорејскиот производител на автомобили, Kia за следната година планира да претстави целосно електричен crossover автомобил во соработка со хрватската компанија Rimac Automobili на претприемачот Мате Римац.

Автомобилот, како што пишува Auto Express, ќе го носи името Kia CV, а се очекува да биде конкурент на луксузниот електричен Porsche Taycan.

Kia CV ќе може да помине околу 500 километри со едно полнење на батеријата, којашто ќе може со брз полнач да се наполни за помалку од 20 минути.

Инаку, Римац минатата година доби инвестиција од 80 милиони евра од петтиот најголем производител на автомобили во светот – Hyundai.

Фото: Pixabay