Кина со нови мерки за поддршка на трговијата

46

Кина започнува со нови мерки за стабилизација на трговијата во земјата и задржување на својата глобална позиција, изјави кинескиот министер за трговија, Џунг Шан.

Светската трговска организација процени дека глобалната трговија оваа година ќе се намали за 13 до 32%. Во првата половина од оваа година и покрај пандемијата, кинеската трговија и понатаму ги надминува очекувањата, што придонесува за зајакнување на домашната и меѓународната економија.

Кина во втората половина од оваа година ќе ја зголеми поддршката за трговијата. Во исто време, Кина ќе го зголеми увозот за да ја задоволи домашната побарувачка и да ја зголеми довербата на светските пазари, пренесува China radio international.

Фото: Freepik