Кина стана главен трговски партнер на ЕУ

80

Кина во првите три тримесечја била најголем трговски партнер на Европската унија, престигнувајќи ги САД, што е последица на пандемијата од Ковид – 19 и наглиот скок на кинеската економска активност.

Во првите девет месеци од 2020 година, трговијата меѓу ЕУ и Кина достигна 425,5 милијарди евра, а трговијата меѓу ЕУ и САД изнесува 412,5 милијарди евра во истиот период, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во истиот период во 2019 година, трговијата на ЕУ со Кина беше 413,4 милијарди, а 461 милијарди со Соединетите држави.

Овој резултат се должи на растот на увозот (+4,5%), а извозот (во Кина) е непроменет, соопшти Еуростат, додавајќи дека во истиот период трговијата со САД забележа значителен пад на увозот (-11,4%) и извозот (-10%).

Фото: Pixabay