Кипар очекува за 75% послаба туристичка сезона

26

Кипар не очекува оваа година да дојдат повеќе од 25% од скоро рекордните четири милиони туристи кои минатата година ја посетија островската земја на Медитеранот, поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Заменикот министер за туризам, Савас Пердиос рекол дека приходите од туризам оваа година ќе бидат намалени и пандемијата може да остави трајни последици по туристичката индустрија на Кипар.

“Луѓето ќе бидат многу повнимателни кога се во прашање патувањата во странство“, рекол Пердиос за Associated Press.

Туризмот остварен на Кипар учествува со 13% во вкупната економска активност на земјата што се проценува на 22 милијарди евра.

На Кипар доаѓаат најмногу туристи од Велика Британија, Русија и Израел, чии државјани во овој момент не можат да патуваат.

Фото: Freepik