KLM подготвува 1.000 откази

38

Авиокомпанијата KLM, холандска подружница на Air France, соопшти дека ќе укине дополнителни 1.000 работни места оваа година и изрази противење на плановите на владата како обврска да сите патниците да се тестираат за Ковид-19 пред лет за Холандија.

Авиокомпанијата наведе дека следува ново намалување на бројот на вработени, по првичната одлука за делење околу 5.000 откази во текот на 2020 година, пренесува Ројтерс.

Коалицијата на холандски авиокомпании, вклучувајќи ја и KLM, издаде посебно соопштение во коешто вели дека се противи на барањето сите патници кои патуваат во Холандија да направат брз тест за Ковид-19 во рок од четири часа пред влегување и полетување со авионот во таа земја.

Фото: Facebook