Кога е време за ризик?

130

Иако на сите ни е полесно да чекориме по полесниот пат, понекогаш треба да направиме вистинска проценка и да се впуштиме во ризик што подоцна би се исплател. На прашањето дали и кога е време за ризик, никогаш не можете да добиете инстант и вистински одговор, но можете да претпоставите кога е најдобро време да се преземе ризикот.

Треба да бидете подготвени на фактот дека ризикот носи промени. Не секој ризик може да ви донесе нешто добро, но треба да знаете дека постојат ситуации во кои вреди да се ризикува за да можете да бидете сведок на некои нови промени. Во бизнисот ништо се движи во една линија, понекогаш од осцилациите може да прокнижите добри резултати. Сепак, треба да знаете и да процените дали и кога вреди да се ризикува.

Ризикот значи поместување на границите, но тоа не треба да значи дека треба да правите отстапки по секоја цена. Секој ризик е вовед во нови промени, поместување на границите, проширување на видиците и создавање ново поле за развој. Но, треба да процените дали вреди да ризикувате и дали ќе се исплати во иднина.

Кога преземате ризик ги запознавате вашите капацитети и можности. Секој бизнис мора да ги знае своите слаби и сини страни, да умее да ги проширува видиците и да биде подготвен на ризик кога за тоа има оправдана причина. Затоа, преку акцијата што со себе носи ризик, ќе ги спознаете можностите и способностите, како и слабите страни, па ќе знаете во иднина на што посебно да обрнете внимание.

Фото: Freepik