Кои компании имаат најмногу кеш

45

Големите играчи во бизнисот имаат и голема количина на кеш. Некои компании често вложуваат, но други преферираат да чуваат прилично големи резерви на пари.

Според FactSet, моментално технолошкиот гигант Microsoft има најмногу готовина, дури 136,6 милијaрди долари, пишува CNCB.

Зад него на второ место е Berkshire Hathaway, со 128 милијарди долари во кеш, додека трета е матичната компанија на Google, Alphabet со 121,2 милијарди долари.

На четврто место на листата Компании со најмногу кеш е Apple со сума од 100,6 милијарди долари. Првите десет места ги дополнуваат Facebook (52,3 милијарди долари), Amazon (43,7 милијарди долари), Ford (37,3 милијарди долари), Oracle (35,7 милијарди долари), Cisco and Bristol-Myers (32,5 милијарди долари).

Според експертите, причина што компаниите чуваат многу готовина, е тоа што тие едноставно го чекаат вистинското време за вложување.

Фото: Pixabay