Кои се најбогати земји во светот, а каде сме ние?

99

Во рацете на Американците се скоро 30% од целото светско богатство, покажуваат податоците од анализата на порталот Howmuch.net.

Според податоците, глобалното богатство достигнува вредност од 360.603.000.000.000 долари (360,6 илјади милијарди долари). Од тој вкупен износ, кај Американците отпаѓаат 105,9 илјади милијарди долари.

На листата на 10-те најбогати земји во светот се најдоа и: Кина (63,8 илјади милијарди долари), Јапонија (24,9 илјади милијарди долари), Германија (14,6 илјади милијарди долари), Велика Британија (14,3 милијарди долари), Франција (13,7 илјади милијарди долари), Индија (12,6 илјади милијарди), Италија (11,3 илјади милијарди), Канада (8,5 илјади милијарди долари) и Шпанија (7,7 илјади милијарди долари).

Од земјите во регионот: Грција е 37-ма со 867 милијарди долари, Бугарија е на 64-то место со 243 милијарди долари, Хрватска е две места подолу со 209 милијарди долари, Словенија се позиционираше на 68-мо место со 205 милијарди долари, а Србија е 71-ва со 170 милијарди долари. Пред нас е и Босна и Херцеговина (98-мо место) со богатство од 78 милијарди долари, додека Македонија заврши на 115-то место на глобално ниво со богатство од 42 милијарди долари.

Од вкупно 210 земји, на дното се најдоа: Венецуела, Сао Томе и Принципе и Микронезија со богатство под една милијарда долари.

Фото: Pexels