Кои се најбогатите Индијци?

74

Business Insider ја објави листата на најбогатите луѓе во Индија. На прво место со неверојатни 51,4 милијарди долари се најде нафтениот тајкун Мукеш Амбани.

Неговото богаство далеку ги надминува вредностите на останатите претприемачи на листата, коишто се движат од 9 до 16 милијарди долари.

Кумар Бирла

Вредност: 9,6 милијарди долари

Возраст: 52 години

Извор на богатство: Трговија со разни стоки

Лакшми Митал

Вредност: 10,5 милијарди долари

Возраст: 69 години

Извор на богатство: Челична индустрија

Фамилија Годреј

Вредност: 12 милијарди долари

Извор на богатство: Годреј групација, производство

Радхакишан Дамани

Вредност: 14,3 милијарди долари

Возраст: 64 години

Извор на богатство: Инвестиции, продажба

Шив Надар

Вредност: 14,4 милијарди долари

Возраст: 74 години

Извор на богатство: Софтверски услуги

Удај Котак

Вредност: 14,8 милијарди долари

Возраст: 60 години

Извор на богатство: Банкарство

Палонџи Мистри

Вредност: 15 милијарди долари

Возраст: 90 години

Извор на богатство: Градежништво

Браќата Хиндуџа

Вредност: 15,6 милијарди долари

Извор на богатство: Разни бизниси

Гутам Адани

Вредност: 15,7 милијарди долари

Возраст: 57 години

Извор на богатство: Инфраструктура, Трговија со разни стоки

Мукеш Амбани

Вредност: 51,4 милијарди долари

Возраст: 62 години

Извор на богатство: Петрохемиска индустрија, нафта, гас и телекомуникации

Фото: Facebook