Кои земји имаат едноставна, а кои комплексна бизнис култура?

40

Секоја земја е карактеристична и поинаква сама за себе. Влијание од минатото, културата, непишаните правила, религијата и безброј други фактори ја креираат бизнис културата што ја имплементираат компаниите во своето работење, но и во комуникацијата со остатокот од деловниот свет.

Business culture complexity index анализира економски, културни и социјални податоци од 14 различни извори и врз основа на тоа направи листа на земји со наједноставна и најсложена бизнис култура.

Данска важи за земја со наједноставна бизнис култура во светски рамки. Во 10-те најлежерни земји, кога се анализира бизнис културата се најдоа и: Норвешка, Финска, Холандија, Франција, Швајцарија, Белгија, Шведска, Австрија и Шпанија.

На дното на листата, пак, се најдоа земји што се одликуваат со најкомплексна бизнис култура: Нигерија, Индија и Пакистан.

Фото: Pexels