Koј произведе, а кој извезе најмногу сладолед во ЕУ

39

Во Европската унија во 2022 година се произведени 3,2 милијарди литри сладолед, што е за пет отсто повеќе од претходната година.

Најголем производител беше Германија, а најголем извозник на сладолед од ЕУ Франција, објави европската статистичка агенција Еуростат, а пренесе агенцијата Бета.

Германија произведе 620 милиони литри сладолед, потоа Франција со 591 милион литри и Италија со 571 милион.

Покрај тоа што Германија беше најголем производител, нејзиниот сладолед беше и најевтин со просечни 1,5 евра за литар. Просечната цена на францускиот сладолед била 1,9 евра, а италијанскиот 2,3 евра за литар.

Со седум евра просечно најскап сладолед од Австрија бил Данска (4,4 евра за литар) и Финска (2,8 евра).

Земјите од ЕУ лани извезле 250 милиони килограми сладолед во трети земји, со вкупна вредност од 930 милиони евра. Истовремено, увозот од земји кои не се членки на ЕУ достигна 61 милион килограми и чинеше 203 милиони евра.

Во однос на 2021 година увозот во ЕУ е намален за 14 отсто, но и извозот на сладолед е намален за два отсто.

Од вкупниот извоз, Франција учествува со 21 процент или 53 милиони килограми, што ја прави најголем извозник. Следат Холандија (17 отсто од вкупниот извоз), Италија (13 отсто), Германија (11 отсто) и Белгија со девет отсто учество во вкупниот европски извоз на сладолед.