Кој сè ѝ должи на УЈП?

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави втората Листа на должници за оваа година, за долгови доспеани до 31-ви октомври минатата година и неплатени до 31-ви јануари оваа година.

На Листата има 2.071 должници – правни лица (повеќе за 76 од претходната листа) и 2.529 физички лица (повеќе за 14 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 10.195.548.760 денари, повеќе за 189.116.316 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.010.296.594 денари (повеќе за 156.322.034 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (повеќе за 32.794.282 денари од претходната листа).

Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. Физичките лица и самостојни вршители на дејност, што се најдоа оваа листа, имаат долгови повисоки од 120.000 денари, додека кај правните лица тој надминува 300.000 денари.

Фото: Pixabay