Колку е просечната малопродажна цена на струја за домаќинствата?

32

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата, во второто полугодие на минатата година, изнесуваше 4.859 денари за киловатчас, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата,  се движеше од 3.840 до 7.638 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на  одадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 18.865 до 29.143 денари по nm3, по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесуваше 38.197 денари по nm3.

Фото: Pixabay