Колку изнесува 13-та плата во регионот и Европа

108

pari5

Фото: Pixabay

Според истражување на словачкиот бизнис портал PayLab, спроведено за балканските земји, централна Европа и балтичките земји, најголем божиќен бонус во однос на бруто плата се исплаќа во Унгарија каде што во просек изнесува околу 854 евра, што е 91% од просечната бруто плата во земјата. Бонусот во Србија или 13-та плата просечно изнесува 481 евра или 86% од просечната бруто плата.

Во Словачка бонусот изнесува 787 евра, односно 79% од бруто платата, додека во Босна и Херцеговина се исплаќа износ од 625 евра или 78% од бруто платата. Следи Чешка со бонус 724 евра или 69% од просечната плата. Словенците со просечен бонус од 422 евра или 31% од бруто плата се наоѓаат на шестото место. Во Полска се исплаќаат 262 евра или 28% од просечната плата, во Хрватска 185 евра или 23%, а во Естонија 210 евра или 22% од бруто платата.

Бонусот во Финска изнесува 624 евра што е 21% од бруто платата и следат Латвија со 186 евра и Литванија со 173 евра или 21% од просечната плата.