Колку Македонци лани се преселиле во Хрватска?

140

Од нашата земја минатата година свој нов дом во Хрватска си нашле 1.459 Македонци. Една третина од доселените во Хрватска минатата година биле од Босна и Херцеговина, од каде се доселиле вкупно 12.040 лица, пишува Јутарњи лист.

По БиХ, најмногу странци што се доселени во Хрватска се од Србија, вкупно 4.079, па следуваат државјани на Косово, од каде лани во Хрватска се преселиле 3.525. На четврто место се доселеници од Азија, меѓу кои имало 2.987 странци и 123 хрватски државјани. Потоа следуваат доселениците од Македонија и од Украина (1.055).

Податоците од хрватскиот завод за статистика покажува дека од Хрватска лани се отселиле 40.148 лица, а во исто време се доселени 37.726.

Најмногу доселени од странство, односно 20,3% се преселиле во Загреб, а 11,7% од нив во Сплитско – далматинската жупанија.

Фото: Freepik