Колку остатоците од храна влијаат на климатските промени?

24

На климатските промени и концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата големо влијание има прехранбената индустрија.

Оваа индустрија, што го опфаќа производството, но и процесите што се случуваат откако храната ќе го почне патот до потрошувачите, како што се обработка и дистрибуција, значително придонесува за емисијата на штетни гасови на глобално ниво.

Храната се произведува и преработува на повеќе од 570 милиони фарми, во што учествуваат уште повеќе земјоделци и посредници од целиот свет, а дел од тој процес е значајно користење на енергија. Производството на храна е одговорна за околу 26% од глобалната емисија на стакленички гасови, пренесува National Geographic.rs.

Од вкупните емисии на прехранбената индустрија: 18% настанува во ланецот на снабдување, 31% од одгледување животни и риби, 27% од посеви за исхрана на луѓе и животни…

Отпадот од храна, е “заслужен“ за 6% од светската емисија на штетни гасови. Прехранбениот отпад настанува во сите фази од производството, почнувајќи од берба, производство, преработка, преку трговија, дистрибуција и на крајот кај крајните потрошувачи.

Фото: Pexels