Колку пари ни се потребни за вонредни ситуации?

87

Животот знае да приреди одредени пријатни или помалку пријатни изненадувања. Па затоа, за одредени вонредни ситуации е добро да се има пари на страна.

Финансиските експерти советуваат во тој таканаречен “црн фонд“ секогаш да имате доволно пари за да ги покриете трошоците за минимум три месеци, а најдолго за една година.

Научници од Универзитетот Колорадо направија пресметка за тоа кој е реалниот износ што домаќинствата и со најниски примања би требало да го имаат заштедено и тргнато на страна. Според проценките, 2.467 долари се доволни едно американско семејство да се заштити во услови на некоја вонредна ситуација и да има доволно пари да плати кирија, режиски трошоци или здравствена нега.

Семејствата кои имаат пониски примања се принудени поголемиот дел од својот приход да го потрошат за подмирување на секојдневните трошоци, па не им остануваат многу пари за “црниот фонд“. Но, од друга страна, пак тој фонд и таа заштеда за нив е клучна во одредени ситуации.

Ако сакате да имате барем минимална заштеда за вонредни ситуации, во тој случај размислете не само на тргање готовина на страна, туку и некоја инвестиција во недвижнина, хартии од вредност, благородни метали и слично.

Фото: Pexels