Компании вредни над милијарда долари за кои ретко кој слушнал

79

Кога ќе се спомене поимот еднорог во светот на бизнисот, први асоцијации се Uber, Airbnb и SpaseX. Тоа се оние брендови што успеаја да надминат вредност од милијарда долари уште на самиот старт и како такви да си обезбедат свое место. Но, постојат и такви кои имаат исто толкава вредност, меѓутоа никој не слушнал за нив. Entepreneur направи инфографика, во којашто се прикажани овие анонимни еднорози.

Меѓу 10-те од вкупно 25 се најдоа:

StockX – онлајн продавница за продажба на облека и патики со седиште во Детроит

Machine Zone – технолошка компанија основана во Пало Алто

Zocdoc – онлајн апликација за резервација на медицински услуги

Allbirds – компанија за облека што не ѝ штети на околината

Root Insurance – осигурителна компанија

Scopely – компанија за забавни и мобилни игри

Bird Rides – сервис за изнајмување електрични скутери

TechStyle – онлајн продавница за облека

Asana – мобилна апликација што им помага на тимовите да ја организираат работата

Monday.com – мобилна апликација на управување со тимови

Од друга страна, Entrepreneur објави и листа на 25-те добро познати еднорози. Од нив одвојуваме неколку: reddit, Airbnb, Buzzfeed, Credit Karma, DoorDash, Grammarly, Ibotta, Quora…

Фото: Pixabay