Компанија за пример: Стан како подарок за пензионирање на посветен работник

175

Дека сè уште има работодавачи кои ги ценат работниците кои се пожртвувани и вредни, доказ е градежна компанија од Босна и Херцеговина.

Иако многу работници не можат да се пофалат со добри услови за работа и плата, Деса Модраковиќ има сосема поинаков искуство.

“Во градежната компанија Техника инженеринг работев полни 18 години, а со оглед на тоа што имам 40 години работен стаж, стекнав услови за пензија. Во оваа фирма работев посветено, бидејќи само така и може да се работи во таков колектив“, вели Деса.

Иако ѝ било жал што ќе се раздели од колегите, одлучила дека е време да му стави крај на работењето и да се посвети на други работи во животот.

“За својата работа секогаш бев соодветно платена и наградена, но не очекував ваков подарок. Колегите ме испратија последниот работен ден, како што е обичај во фирмата и ми подарија часовник. Но, кога работодавачите ми кажаа дека ќе ми подарат стан, тоа за мене беше огромно изненадување“, вели таа.

Станот што го добила е во изградба и во тек се завршни активности.

Во компанијата Техника инженеринг, каде работат околу 50 лица, велат дека нивната колешка Деса била столбот на фирмата и дека станот е мал знак на благодарност за нејзиниот повеќегодишен труд и работа.

Сличен гест на овој направи и компанија од Србија, која на свој работник за роденден му подари стан, како знак на благодарност за 20-годишниот труд.

Фото: Freepik