Комплекс Ветрило: Дома за своја душа

315

vetrilo1-800x400

На 6,5 километри од урбаниот центар на Скопје, на локација во близина на општинската зграда во Сопиште, во тек е изградба на комплексот за домување Ветрило.

vetrilo5

Комплексот опфаќа 18 типски станбени објекти во три типа на изведба, поставени во каскада, со поглед кон југозападните падини на Китка, Караџица и Јакупица со врвот Солунска глава.

3

Ветрило е место каде сите станбени единици – објекти имаат постојана проветреност и природна дневна светлина и е идеално место за среќен, спокоен, здрав семеен живот во чиста еколошка средина.

vetrilo4

Површината на секоја станбена единица е од 103 до 118 метри квадратни, организирана на приземје и кат.

Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба со отворен план и гостинско купатило.

2

На катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси.

Секоја станбена единица е со можност, по договор, за изградба на кровна тераса од 60 метри квадратни.

6

Секоја станбена единица е приклучена на сопствен централен систем за греење и ладење, кој овозможува и постојана топла санитарна вода.

Секој објект е со висока класа на енергетска ефикасност.

9

Површината на парцелите каде се сместени објектите се од 150 до 240 метри квадратни со простор за паркирање на две возила, место за одмор, рекреација, зеленило. Низ комплексот минуваат две внатрешни новопроектирани улици.

5

Инвеститор на комплексот Ветрило е компанијата Интерсофт од Скопје. Интерсофт е градежна компанија во приватна сопственост која на македонскиот пазар работи веќе 19 години и на клиентите им нуди комплетни решенија за проектирање и изведба на објекти од втора категорија до фаза клуч на рака.

За повеќе информации, може да се јавите на +389 2 3227 941 и 078 39 36 39, да пратите електронска пошта на info@intersoft.com.mk или да ја посетите Facebook страницата на Интерсофт.