Котација на државни обврзници вреди 2,7 милијарди денари

19

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од денеска, 25-ти септември, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 2.700.020.000 денари, соопштуваат од Македонска берза.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pixabay