Крашкомерц победници на натпреварот најполица 2013

91

0528bebe-2314-42c9-ab28-d54bc8d3508eНа натпреварот за најполица 2013, каде учествуваа четиринаесет тимови од компаниите Макпрогрес, Колид С, Пекабеско, Рептил, Каприлат, Атлантик група, Даути Комерц, Унивел, Нимекс, Офис Плус, Алфи Би Компани, Жито Маркети, Лакшми и Крашкомерц, за најполица, односно за Најдобри мерчендајзери во Македонија за 2013 година беа избрани Крашкомерц.

Тимовите ги надгледуваше четиричлено стручно жири составено од познати имиња на македонскиот и регионалниот пазар: Миљан Димитријевиќ, еден од најбараните консултанти во областа на мерчендајзинт на Балканот, Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на магазинот In Store, Биљана Костов Жежовска, директор на Маркето Солутионс и Катица Томеска, менаџер за набавки и супервизија во СП Маркет.

“Преку одржување на вакви настани се иницираат промени и развој на луѓето, нивните компании и квалитетот на животот преку пренесувањето на технологиите на работењето според теркот на светски успешните компании и поединци”, изјави Душко Угриноски, директор на компанијата Triple S Group, на почетокот на натпреварот во неделата.

Токму Triple S Group во соработка со специјализираниот магазин за стока за широка потрошувачка In Store, им овозможи на најкреативните тимови од најдобрите македонски компании да го покажат својот талент на настанот насловен Најполица за 2013.