Кредитната картичка на Apple се очекува следниот месец

42

Технолошкиот гигант Apple и финансиската институција Goldman Sachs уште на почетокот на пролетта најавија дека заеднички ќе претстават кредитна картичка.

Apple картичката веќе неколку недели ја тестираат вработени и продажни агенти и според наводите на Bloomberg, најверојатно ќе биде достапна во првата половина на август.

Корисниците на iPhone ќе можат да се пријават за картичката преку апликацијата Wallet, којашто ќе биде вградена во поддршката за Apple Card како дел од последната верзија на iOS 12.4.

Картичката ќе може да се користи со Apple Pay, но корисниците ќе добијат и картичка од титаниум којашто ќе биде компатибилна со мрежата на Mastercard.

Нема да има месечна претплата и надомест за трансакција во странство.

Двете компании, коишто имаат сосема различно работно порфолио, ги поделија своите обврски околу новиот производ – Goldman Sachs управува со банкарската инфраструктура, додека Apple го контролира корисничкото искуство.

Фото: Apple