Лани се потрошени градежни материјали и енергија во вредност од над девет милијарди денари

20

Фото: Pixabay

Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност, во текот на минатата година, потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.169.835.000 денари, што е за 5,5% помалку во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во вкупната вредност на потрошените градежни материјали и енергија најголемо учество има групата Материјали за врзување со 3.535.280.000 денари (38,6%), потоа следат групите Потрошено гориво со 1.187.983.000 денари (13%), Изолациски материјали и премази со 1.158.258.000 денари (12,6%) итн.