Лани сруши рекорд за најдолги летови, а сега дели 6.000 откази

35

Австралискиот национален авиопревозник Qantas ќе подели 6.000 откази, што е дел од планот за “преживување“ од пандемијата предизвикана од коронавирусот, пренесува ВВС.

Тоа е околу една петтина од вкупниот број на вработени во компанијата. Од таму велат дека приходите доживеаја колапс бидејќи беа суспендирани голем број летови со цел да се спречи ширење на заразата.

Минатата недела, властите во Австралија соопштија дека нивните граници најверојатно ќе останат затворени до следната година.

Планот на Qantas е да собере над една милијарда долари капитал во рамки на амбициозниот план за намалување на трошоците, што е донесен како одговор на последиците од пандемијата.

Од компанијата соопштуваат дека приземјуваат 100 летала на една година и веднаш ќе го “пензионираат“ остатокот од флотата на авиони Boeing 747, шест месеци пред планираниот рок, со оглед на ограниченоста на патувањата поради пандемијата.

Инаку, овој австралиски авиопревозник лани постави два нови рекорди со најдолги летови. Првиот беше од Њујорк до Сиднеј, а вториот од Лондон до Сиднеј.

Фото: Facebook