Летот од Лондон до Сиднеј на Qantas постави нов рекорд

25

Австралискиот авиопревозник Qantas постави два нови рекорди со еден свој истражувачки лет на којшто учествуваат 50-тина патници.

Летот со најновиот Boeing 787-9 Dreamliner, којшто се одвиваше без застанување ги поврза Лондон и Сиднеј, пишува CNN.

Првиот рекорд беше за најдолг комерцијален лет според далечина и времетраење. Времетраењето од 19 часа и 19 минути го надмина минатогодишниот рекорд поставен од Singapore Airlines од Њујорк до Сингапур.

Qantas постави и сопствен рекорд, што беше направен пред само неколку недели со летот од Њујорк со Сиднеј. Авионот прелета низ неколку земји, Германија, Русија, Полска, Белорусија, Казахстан и Кина пред да отиде јужно накај Филипините и Индонезија.

Иако капацитетот изнесуваше 256, авионот со себе “понесе“ само 50 луѓе, вклучувајќи и четири пилоти. Патниците имаа детектори што следат сон, движење, консумирање на храна и користење на забава достапна во авионот.

Добиените податоци ќе бидат искористени како долгите летови влијаат врз здравјето на патниците и нивните биолошки часовници.

Фото: Pixabay