Lidl влегува на пазарот во БиХ

92

Германскиот малопродажен синџир Lidl ја разгледува можноста за влез на пазарот на Босна и Херцеговина (БиХ), пренесуваат тамошните медиуми.

Влезот на тој пазар може да се очекува за две години, а на крајот би можеле да се отворат до 30 маркети, во зависност од големината на градовите.

Lidl веќе го има во повеќе земји од регионот, каде што покажува солидни резултати.

Засега овој бренд не планира влез на македонскиот пазар. Во моментов има маркети во 29 земји во Европа и во САД. Последната голема експанзија на компанијата беше во 2018 во соседна Србија, каде досега се отворени 41 маркет. Синџирот поседува повеќе од 10.000 супермаркети во речиси сите земји членки на ЕУ, како и во Србија и Велика Британија. Во регионот, освен Северна Македонија, Lidl нема уште и во Албанија, Косово и Црна Гора.

Фото: Pixabay