Македонецот заработува 2,5 евра на час, Данецот 25

20

shutterstock_121346014Еден просечен Данец за еден час работење може да заработи до 25 евра, додека за истото време Македонецот заработува само 2,5 евра, што во споредба е за 10 пати помалку.

Според анализата на Еуростат најдобра заработувачка по час имаат Данците, додека најмалку заработуваат Бугарите, дури за 17 пати помалку.

Веднаш зад Данците, со најголема заработка за еден час во ЕУ се Холанѓаните со 15,3, Французите до 12,1 и жителите на Австрија со 11,7 евра.

Најмалку платен труд, според Еуростат, се забележува во Унгарија со 5,5 евра, Романија со 3,8, Турција со 3,6 и Бугарија со 3,4 евра за час.

Сепак Европската агенција за статистика Еуростат, потенцира дека овие бројки не ја одразуваат реалната слика за разликите помеѓу земјите, па така Данците не живеат 17 пати подобро од Бугарите туку само пет, а во однос на Македонија, таа разлика е речиси три пати.

Во однос на паритетот на куповна моќ, Македонија со 6,4 евра зад себе ги остава Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија и Турција.

Поради високите даноци и политиките кои тргнуваат од логиката дека оние кои имаат повеќе треба да платат и повисок данок, Скандинавските земји се прилично скапи за луѓето од јужна и југоисточна Европа, кои иако се мачат со последиците од кризата, не се соочуваат со толку високи давачки и трошоци.