Македонија ќе користи европски искуства во случаи на стечај и ликвидација

12

biznis-sorabotka-pixabay

Фото: Pixabay

Размена на искуства и најдобрите практики од Европската унија и регионот за минимизирање на негативните последици за излез на компаниите од пазарот, е целта на првата Меѓународна конференција за стечај и ликвидација, организирана во рамките на ИПА Проектот за зајакнување на административните капацитети за имплементацијата на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва, финансиран од ЕУ, што денеска и утре се одржува во Скопје, јавува Миа.

Со конференцијата се заокружуваат проектните активности реализирани во изминатите 17 месеци со коишто се направи анализа за пропустите во законската регулатива во Македонија во споредба со европското законодавство во доменот на стечај и ликвидација и се направени бројни обуки и тркалезни маси на кои присуствуваа околу 500 претставници од релевантните институции. Заклучоците од конференцијата ќе бидат имплементирани во дневниот ред на Работната група што ќе ја формира Министерството за економија за измена и подобрување на законската рамка за стечај.