Македонски претставници: Една компанија и пет банки во топ 100 во Југоисточна Европа

73

Романскиот автомобилски бренд Dacia лани евидентираше приходи од 5,3 милијарди евра, со што е на врвот од Топ 100 листата на компании во Југоисточна Европа на See news.

Во првите пет влегуваат и: Petrol d.d од Словенија (4,3 милијарди евра приходи), OMV Petrol од Романија (4,1 милијарда евра приходи), ОMV Petrol Marketing SRL од Романија (3,8 милијарди евра приходи) и Rompetrol Rafinare SA од Романија (три милијарди евра приходи).

На оваа листа, Македонија има еден претставник, а тоа е компанијата Johnson Matthey DOOEL, којашто лани прикажа 1,7 милијарди евра приходи. Овие финансиски податоци ја сместија компанијата на 17-то од вкупно 100 компании во овој регион.

На дното на листата се: Pirelli Tyres од Романија (571 милиони евра приходи), Regia Nationala a Padurior Romsilva од Романија (570 милиони евра приходи) и Plodine d.d. од Хрватска (569 милиони евра приходи).

На листата Топ 100 банки во Југоисточна Европа, лидер е романската банка Banca Transilvania. Од банките во земјава, на листата се најдоа: Комерцијална банка (42-ра позиција), Стопанска банка (54-то место), НЛБ Банка (60-та), ХалкБанка (81-во место) и Охридска банка (94-то место).

Меѓу петте најдобри банки на листата се : Zagrebacka banka од Хрватска, Banca Comerciala од Романија, BRD од Романија и Privredna banka Zagreb од Хрватска.

Фото: Pixabay