Македонско – германска инвестиција во Виница

30
Во општина Виница во делот на новата индустриска зона започна со работа нова текстилна компанија. Станува збор за македонско – германска инвестиција, која овозможи вработување на 30 текстилни работници со тенденција за неколку месеци да се вработат уште 100 лица, јавува Миа.
“Новата компанија, која ќе биде дел од текстилниот кластер на истокот е Мода стар, во која ќе се произведува заштитна опрема исклучиво наменета за германскиот пазар. Долгогодишната соработка со германските партнери ја преточивме во конкретна инвестиција, која треба да се развива“, изјави Дејан Петков, сопственик на компанијата Мода стар од Виница.
Пред неполн месец, во Виница започна изградбата на текстилната фабрика Текспорт од Австрија во која ќе бидат вработени 200 текстилни работници.