Македонско – италијански форум во Скопје

24

Денеска во Скопје ќе се одржи италијанско – македонски бизнис форум на кој ќе присуствуваат 30 италијански и 40 македонски компании, од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика.

На форумот ќе бидат презентирани главните проекти во инфраструктурата и енергетиката во Македонија чија реализација е предвидена во следните 3-5 години.

Почесни гости на форумот ќе бидат Амбасадорот на Р. Италија во Македонија, Ернесто Масимо Белели, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.