Маркетинг стратегии: Што велат бројките?

177

Неколку корисни и интересни информации за различните маркетинг стратегии гледано низ бројки.

Најскапата рекламна кампања на сите времиња припаѓа на Chanel. Чинеше 33 милиони долари, од коишто три милиони беа исплатени на главната протагонистка Никол Кидман.

Дури 77% од корисниците на Twitter повеќе го ценат брендот кога ќе им одговори на нивната споделена содржина.

Најголем број од корисниците, 70-80% ги игнорираат спонзорираните содржини од онлајн пребарувањето.

Видеата се споделуваат 1.200% повеќе од текстови и линкови комбинирано.

Хакерски напад се случува на секои 39 секунди, а 43% од сајбер нападите се прават врз малите бизниси.

До 2021 година се проценува дека за дигитален маркетинг на глобално ниво, ќе бидат потрошени над 375 милијарди долари.

Голем процент, 68% од компаниите имаат вклучено и мобилен маркетинг во целокупната маркетинг стратегија.

Додека гледањето на телевизија сè повеќе се намалува, луѓето следат YouTube видеа повеќе од било кога.

Facebook има дури 80 милиони страници за рекламирање мали и средни бизниси.

Над 70% од гледањето на YouTube видеа доаѓа од мобилни телефони.

Инвестирањето во телевизиска реклама може да ја зголеми ефективноста за 40%.

Топ брендовите на Instagram имаат 58 пати повеќе следеност од оние на Facebook и 120 пати повеќе од оние на Twitter.

Фото: Pixabay