Маск ослободен во тужба поради сомнителен договор со SolarCity

40

Кога се зборува за милијардерот Илон Маск и неговите компании во последните неколку недели, се е некако во зоната на „земјотрес“. Последниот настан е судската одлука, според која бизнисменот не злоупотребил кога му наложил на производителот на електрични возила Tesla да го преземе производителот на соларни системи SolarCity во 2016 година.

Купувањето го чинеше Tesla 2,6 милијарди долари. Во тоа време, Маск беше претседател и најголем акционер во SolarCity. Тужбата беше поднесена затоа што акционерите на Tesla го обвинија Маск дека го принудил Бордот на Tesla да го купи SolarCity, проблематичен и едвај преживеан производител на соларни панели, за да ја спаси својата инвестиција. Според тоа, акционерите бараа 13 милијарди долари компензација.

Одлуката на судот доаѓа во време кога Маск го користи своето огромно богатство за стекнување на социјалната мрежа Twitter. Во понеделникот, неговиот Борд ја прифати понудата за преземање од 44 милијарди долари. Непосредно пред тоа, друг суд донесе одлука со која го отфрли предлогот на Маск да го прекине надзорот врз неговите публикации за Tesla.

„Огромните докази откриваат дека Tesla платил фер цена – SolarCity чинел барем тоа што Tesla го платил за компанијата, а купувањето, од друга страна, е многу корисно за Tesla“, рече судијата Џозеф Слајс од Судот во Делавер, на кој се повикува „Ројтерс“.

Одлуката може да се обжали. Адвокатот на акционерот рече дека ги разгледува потенцијалните следни чекори. „Се работи за лојалност. Одлуката на судот признава дека Елон Маск бил контроверзен и имало пропусти во процесот“, изјави адвокатот Рандал Барон.

Од своја страна, судијата Слајтс рече дека Маск навистина бил „повеќе вклучен отколку што требало“, но фер цена за SolarCity на крајот ги надминува тврдењата дека договорот му бил од корист на Маск.