
Италијанската инвестициска компанија Exor , во сопственост на познатото семејство Ањели, купи 15 отсто од акциите на Филипс, со што – со само еден потег – италијанскиот инвеститор стана најголем акционер на холандскиот производител на медицинска технологија.
Вредноста на инвестицијата е 2,6 милијарди евра, пренесува холандскиот NOS и наведува дека цените на акциите на Philips биле повисоки за речиси четири отсто на отворањето на берзата во Амстердам утринава.
Exor е во сопственост на семејството Ањели, најпознато по Џовани Ањели кој го направи познат брендот на автомобили Фиат во 1960-тите. Инаку, седиштето на компанијата Exor се наоѓа во областа Зуидас, во Амстердам, од 2016 година.
Во светски рамки оваа организација инвестира 33 милијарди евра во други компании.
Покрај матичната компанија Пежо и Опел Стелантис, Exor има интереси во фудбалскиот клуб Јувентус, производителот на автомобили Ферари и бизнис магазинот Економист.
Новиот акционер наведува дека сака да инвестира во компанијата специјализирана за здравствена технологија на подолг временски период. Exor минатата година веќе инвестираше во две помали компании за здравствена технологија. Исто така, има опција дополнително да го прошири своето учество во Philips на 20 проценти.
Во замена за инвестицијата, главниот акционер добива место во Надзорниот одбор.
Финансискиот експерт Гербен Евертс наведува дека „акционерите на Phillips ќе бидат задоволни, бидејќи овој потег ќе го врати мирот во таа компанија“, мислејќи на проблемите што постоеле со производството на апарати за апнеја, како што е краткотрајното прекинување на дишењето за време на спиењето. трае до 10 секунди.