Мекензи Скот ќе донира 4,2 милијарди долари

65

Мекензи Скот, поранешна сопруга на еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, сопственикот на Аmazon, објави дека оваа година ќе издвои повеќе пари за помош на хуманитарните организации.

Таа ќе издвои дури 4,2 милијарди долари за 384 организации. Ова е само дел од нејзиниот план да донира најголем дел од богатството што го доби по разводот со Безос.

Пред само четири месеци таа веќе донираше 1,7 милијарди долари на 116 хуманитарни организации. Последната рунда на филантропија е трипати поголема.

“Пандемијата лошо се одрази на животот на многу Американци кои и пред тоа едвај врзуваа крај со крај“ напиша таа. Тој посочува дека економските загуби и здравствените проблеми биле најтешки за жените, луѓето кои не се од белата раса и сите што живееле во сиромаштија.

“Во исто време, пандемијата го зголеми богатството на веќе премногу богатите милијардери“ вели таа.

На списокот на организации кои добиле пари има финансиски институции кои им помагаат на сиромашните, образовни институции за маргинализирани групи, правни фирми кои се занимаваат со човекови права. Мекензи Скот посочува дека нејзиниот тим разгледал повеќе од 6.490 организации за да одлучи на кого да донира.

Фото: Facebook