Меркур Трејд наградува за новогодишните празници

64

Реномираната компанија Меркур Трејд за сите купувачи на брендовите од светската компанија Reckitt Benckiser организира наградна игра. За секое купување на некои од производите на Reckitt Benckiser, само во супермаркетите Веро во вредност од минимум 350 денари, купувачите ќе добијат купон со којшто имаат право да учествуваат во играта.

Купонот се пополнува со лични податоци и бројот на фискалната сметка, по што се става во обележаните кутии. По уредно пополнување на купонот, фискалната сметка треба да се чува и понатаму и да се приложи во случај на добивка. Правилата на играта се однесуваат на брендовите од дистрибутивната програма на Меркур Трејд, Finish, Harpic, Vanish, Woolite, Veet, Air Wick, Durex, Cillit Bang, Calgon, Quanto, Vitro Clen, Dettol и Dr Scholl.

„Наградна игра ја организираме со цел нашите потрошувачи да ги изненадиме и да ги наградиме за новогодишните празници. Наградниот фонд за добитниците се пет машини за садови, две машини за перење облека, 15 ваучери по 1.200 денари, 30 ваучери по 600 денари. Им посакуваме среќа на сите и ги очекуваме на 5-ти јануари во Веро 2 Тафталиџе на главното извлекување“, велат од Меркур Трејд.

Сите производи од наградната игра се достапни во сите маркети на Веро и ќе трае заклучно со 3ти јануари. Вработените во Веро маркетите и Меркур Трејд, како и потесниот круг на нивното семејство немаат право на наградната игра.