Милијардер бара осум лица кои би патувале со него во вселената

39

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава тргна во потрага по осум лица што ќе му се придружат како први  патници на пат околу Месечината со SpaceX на Илон Маск.

Патувањето е закажано за 2023 година, наведува Ројтерс.

“Проектот ќе им даде можност на луѓето од целиот свет да се приклучат на ова патување. Ако се доживувате како уметник, тогаш сте уметник“, рече Маезава.

Првата фаза на пријавување трае до 14 март.

Маезава е познат по своите колекции на уметнички дела и суперавтомобили, како и подароци во готовина, поради што има најмногу следбеници во Јапонија на својот профил на Twitter.

Минатата година тој објави оглас дека бара жена која со него ќе патува на Месечината. За кратко време до него стигнале апликации од 20.000 жени, но подоцна се откажа од потрагата.

Фото: Facebook