Минимални плати во ЕУ: Од 184 евра во Бугарија, до 1.923 евра во Луксембург

43

evra 123

Најниската минимална плата во Европската унија е во Бугарија, каде што во јануари била 184 евра, додека највисока е во Луксембург – 1.923 евра, покажуваат податоците на европската статистика – Еуростат.

По Бугарија, следи Романија со минимална плата од 218 евра, Литванија со 300 евра, Чешка со 332 евра… Најновата земја членка во ЕУ, Хрватска, во јануари има минимална плата од 396 евра. Во Грција минималната плата била на ниво од 684 евра, додека во Словенија 791 евра.

Земји членки на ЕУ, чии минимални плати надминуваат 1.000 евра се: Велика Британија со 1.379 евра, Франција – 1.458 евра, Ирска – 1.462 евра, Германија -1.473 евра и Белгија и Холандија со по 1.502 евра.