Мисија на ММФ во посета на земјава

20

Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Ивана Владкова Холар, ќе престојува во Македонија од 27 октомври до петти ноември 2014 година, при што ќе има разговори за Пост – програм мониторинг на македонската економија со цел изготвување извештај што ќе биде поднесен до Бордот на директори на ММФ.

Процесот на Пост – програм мониторинг (ППМ) е наменет за земји членки коишто имаат преостаната обврска кон Фондот по истекот на нивните аранжмани.