ММФ предвидува економски раст од 1,9% во 2017 година

11

imf-1

Фото: Twitter

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд предвидува економскиот раст оваа година да биде на ниво од 1,9%, стои во официјалниот извештај.

“Продолжената политичка несигурност резултираше со забавување на реалниот БДП на 2,4% во 2016 година, што е најниско ниво од 2012 година. Податоците за првата половина од 2017 година укажуваат на економската контракција предизвикана од падот на инвестициите. Сепак, растот на извозот остана стабилен, а приватната потрошувачка е еластична со помош на вработеноста и зголемувањето на платите и пензиите. Наспроти ова, растот се очекува да биде на ниво од 1,9% во 2017 година, а инфлацијата се очекува да достигне 1,2% со што ќе заврши тригодишната дефлација“, стои во извештајот.

Очекувањата на ММФ се дека реалниот раст на БДП се очекува одново да се врати на повисоко ниво во 2018 година и постепено да се зголеми на 3,75% на среден рок.