Многу хотели во Грција останаа затворени

66

Иако се надеваа дека домашните туристи, како и патници од земји што се сметаат за безбедни, ќе ја спасат туристичката сезона во Грција, многу хотели и понатаму остануваат затворени, а оние кои се отворени, работат со 25% од капацитетите, пишува Greek reporter.

Хотелиерите се надеваа дека отворање на воздушниот сообраќај на 15-ти јули ќе ги привлече странските гости, но тоа не даде резултат.

Иако Грција важи за безбедно место за патување, поради малиот број на случаи на коронавирусот, сепак приливот на туристи е помал од она што се очекуваше.

Според податоците, Грција во првите пет месеци од годината има пад на приходите од туризам за 78,5%, додека само во мај има пад од 97,7%.

Фoто: Freepik