Mobile Couture: Прва модна колекција во светот креирана преку смартфон

24

Аурели Фонтан, модна дизајнерка од Франција, ја дизајнираше и креираше првата модна колекција направена со користење на смартфон- единствена од ваков тип досега. Во партнерство со Самсунг, Аурели го користеше новиот Galaxy Note 9 во седумте клучни чекори при дизајнот и продукцијата за да ја креира Mobile Couture колекцијата.

За да се создаде невообичаената колекција,смартфонот беше користен за скицирање, за бежична комуникација со нови алатки за производство, за печатење на 3Д прицврстувачи за облека и дизајнирање на ткаенина од далечина.

Ултра моќното СПенкало (S Pen) на Note 9 ѝ овозможи на Аурели прецизност и контрола при скицирањето, додека моќните можности за процесирање и просторот за зачувување податоци ѝ овозможија директно да се поврзе за неверојатни технолошки алатки за да биде побрза, да адаптира и менува, како и да биде иновативна во рамки на развојната фаза, како и при финалната продукција – сѐ преку уред кој го собира во нејзиниот џеб. На пример, Note 9 го забрзува процесот на креирање на прототип за околу 40%, односно, прототипот на колекцијата беше креиран за само 8 дена, наместо вообичаениот период од 14 дена.

Работејќи со смартфонот, Аурели можеше да запишува белешки, да пристапи кон нејзините дигитални скици, да ги адаптира и да креира нови, без разлика на локацијата, секогаш кога беше инспирирана. Целиот процес на прототипирање и развој беше забрзан со помош на едноставно синхронизирање на апликациите со добавувачите, поврзување со нив и развивање на дизајните, каде и да се наоѓаше Аурели. По завршувањето на дизајните и прототипите, со едноставно поврзување на моќниот Note 9 со 3Д печатачот и користење соодветна апликација, наместо користење на компјутер, модната дизајнерка го следеше целиот процес на 3Д печатење во реално време, а доколку беше потребно, правеше измени и адаптации за време на самото печатење.

Процесот на цртање на дезенот на ткаенините се одвиваше со користење на Note 9 -комплексниот дезен беше безжично испратен до напреден, роботизиран уред за дигитално цртање кој го трансверираше на ткаенината.Откако модните парчиња беа готови, Аурели ја креираше нејзината дигитална книга со фотографии од колекцијата, користејќи го С Пенкалото со Блутут конекција, без да го допира телефонот. На овој начин, нејзините раце беа слободни за да може да прави финални адаптации и да креира совршени, контролирани кадри.

Note 9 уредот е дизајниран за максимална моќност, перформанси и продуктивност за дизајнери кои се во потрага по телефон кој им овозможува да работат и да се забавуваат во текот на целиот ден. Со целодневнаиздржливост на батеријата, меморија до 512 гигабајти која за прв пат во светотможе да се прошири до 1 терабајт (повеќе од повеќето лаптопи), врвен 10nm процесор, поддршка за најбрза достапна мрежна брзина и новото, неверојатно блутут С Пенкало, границите на можностите на телефонот беа тестирани во производство на три фустани и еден мантил.

Ставајќи го на прво место креирањето на прогресивен дизајн, модните парчиња од колекцијата Mobile Couture нудат алтернатива на брзиот моден систем и ја максимизираат моќта и потенцијалот на мобилната и дигиталната технологија. Конечната облека беше направена од мешавина од рециклирачка кожа и биоразградливи 3Д пластични прицврстувачи на облека, со завршување на целокупниот процес – од дизајн до готово модно парче – за само 6 недели.